10 чекори до поцврст и посилен пенис
Вечното прашање како да се има поцврст и поголем пенис ги мачи многу мажи, иако понекогаш сосема неоправдано. Доколку сепак ја имате оваа грижа, еве како може да си помогнете.

Здрава исхрана
Избегнувајте тешка и брза храна, бидејќи нема да имате енергија и ќе се чувствувате потешки. А тоа е важно доколку се подготвувате за акција.
Бирајте поза
Некои пози можат до максимум да ја изразат големната на пенисот. Започнете со мисионерска поза, па префрлете се на кучешка. На овој начин, ќе го зголемите протокот на крв и пенисот ќе биде во целосна големина. Токму од оваа причина, за почеток не е препорачлива позата во која жената е врз мажот.
Без нервоза
Доколку чувствувате притисок дека не сте доволно добри во креветот, тоа ќе се одрази на големината на пенисот. Затоа, битно е да сте опуштени за време на сексот. Обидете се да најдете начин за да се опуштите – тоа може да биде музика или затемнета соба, чаша вино…
Ограничете ја чувствителноста
За да не ејакулирате прерано, секогаш може да ставите кондом бидејќи со него се намалува чувствителноста.
Помош од страна
Некои мажи од грижа да не имаат премал пенис размислуваат за помош во облик на разни пумпи и слични помагала. Но, сето ова понекогаш е болно и не вреди за маката, па доколку сакате нешто да пробате – за почеток набавете прстен за пенис, советува Askmen.com. Станува збор за гумичка во облик на прстен која обезбедува задржување на крвта во пенисот. Нема да биде поголем, но ќе биде поцврст.
Лекови
Некои лекови, како оние против депресија или анксиозност, негативно влијаат на сексуалниот живот на мажот. Доколку морате да ги користите, проверете со доктор дали земате преголеми дози.
Чувајте ја силата
Доколку сте уморни и дадете сè од себе на почетокот на односот, не очекувајте перформанс за Оскар. Во такви денови, најдобро е да се откажете од секс.
Стомачни
Освен што ќе имате примамливи плочки, напорната работа со стомачните вежби ќе ви се исплати и поради подобра ерекција. Силните стомачни мускули обезбедуваат и поцврст пенис и подобра ерекција. Не заборавајте и дека со голем стомак оставате визуелен впечаток на помал пенис отколку што навистина е. Исто така, подобриот физички изглед да подобрува и самодовербата, па ќе имате и повеќе волја за секс.
Цигари и алкохол
Пушењето создава лоша циркулација, а кога ќе посакате ерекција, потребно е најдобар проток на крвта низ телото. Алкохолот ја намалува чувствителноста на целото тело, па може да ви се случи и пенисот да не ве слуша доколку имате желба за секс.
Мастурбација
Да, не можете без неа, но доколку сакате да ја воодушевите партнерката, не мастурбирајте пречесто.


