6 јога вежби за цврсто и затегнато тело

Овие јога вежби се особено добри за средишниот дел на телото, но нема да заостане зајакнувањето на целото тело. Потребна ви е удобна облека и простирка за под па – почнуваме!
Вежба 1

Склековите на страна ги зајакнуваат облините и стомачните мускули што активно делуваат при стабилизирање на целото тело.
Постапката: Заземете положба на склек, а рацете и дланките поставете ги на подот. Подигнете ја левата рака кон таванот, додека ја префрлувате тежината на десната рака и надворешната страна на десното стапало. Левото стапало положете го на врвот на десното стапало, но без да го допре подот. Држете го зглобот, лакотот и рамото во права линија, и отворете ги градите додека гледате кон таванот. Со секој здив, стегнете ги стомачните мускули и дишете длабоко во положбата. Задржете 30 секунди.
Вежба 2

Оваа вежба ги зајакнува облините, стомачните мускули и грбот.
Постапката: Исправете ја десната нога и ротирајте ја, а левата држете ја исправена во коленото, со прстите насочени кон напред. Навалете го торзото кон испружената нога, а истегнете се колку можете повеќе за да го издолжите торзото. Ставете ја десната рака на потколеницата или доведете ги прстите до подот доколку можете. Навалете се уште малку, отворете ги рамената и исправете ја левата рака нагоре и косо. Потоа подигнете ја и десната рака, паралелно на левата. Задржете се во оваа положба и вдишете и издишете длабоко 5 пати.
Вежба 3

При положбата на оваа вежба, се активира секој мускул во пределот на стомакот.
Постапката: Седнете на простирката со колената свиткани, а стапалата потпрени на подот. Рацете и дланките се насочени кон таванот и се исправени покрај телото. Навалете се наназад така што телото ќе обликува 45 степени со подот. Полека, подигнете ги стапалата од подот додека ги исправате нозете, формирајќи буква „V“ со телото. Со помош на стомачните мускули задржете се во оваа положба, а рацете малку раширете ги од телот за рамнотежа. Задржете се во оваа положба и вдишете и издишете 10 пати.
Продлабочете ја вежбата така што ќе го спуштите телото уште наназад, држејќи ги стомачните мускули стегнати, а главата и рамената ќе ги поткренете. Полека спуштајте ги нозете до 15 сантиметри од подот. Не заборавајте на дишењето.
Вежба 4

Оваа вежба делува на стомачните мускули, ги тонира рамената и го зајакнува рбетот.
Постапката: Од положба потпрени на колената и дланките, спуштете ги рацете на простирката, со лактите под рамената, свиткајте ги прстите на нозете, па подигнете ги колковите високо, подигнувајќи ги петите, но сепак насочени кон подот. Задржете се во оваа положба и вдишете и издишете длабоко 5 пати.
Вежба 5

Оваа вежба го зајакнува и истегнува торзото, стомакот и рбетот, но и нозете исто така. Одлична е за подобрување рамнотежата и концентрацијата.
Постапката: Застанете на крајот на простирката со споени прсти и пети. Исправете ги рацете над главата, па раширете ги прстите како да сакате да го допрете таванот. Исчекорете нанапред со десната нога и доведете го телото во облик на буквата „Т“ – торзото и левата нога треба да се паралелни со подот. Најдете имагинарна точка пред себе што ќе ви служи за баланс, а како што дишете, подигнувајте ја ногата малку повисоко. Вдишувајте и издишувајте подигнувајќи го торзото нагоре. Како што стоите, полека посегнете со рацете кон левото стапало одзади, како што посегнувавте со прстите нанапред. Задржете се во оваа положба и вдишете и издишете 10 пати. Вратете се во почетната положба, па повторете на другата страна.
Вежба 6

Оваа положба ги зајакнува мускулите во пределот околу рбетот. Исто така ја подобрува положбата на телото, а делува и на стомачните мускули.
Постапката: Легнете со стомакот на простирката. Поставете ги рацете и дланките до градите, со лактите свиткани. Спојте ги нозете и испружете ги прстите додека ги подигнувате градите од простирката со помош на мускулите на грбот, а не со рацете. Потоа, подигнете ги стапалата и нозете од простирката додека со рацете ја опфаќате главата.
Една по една, префрлете ги рацете зад вас, на грбот и испреплетете ги прстите. Исправете ги лактите и со дишењето држете ги градите, стапалата и нозете подигнати од подот. Со секое вдишување обидете се да ги дигнете и двете страни од телото. Задржете се во оваа положба и вдишете и издишете 10 пати.