Најголемите митови за вежбањето
Без разлика дали сте посветени на вежбањето или планирате да почнете со некоја активност, треба да расчистите со некои митови кои владеат, а кои воопшто не се точни. Ова е листа на осумте најчести митови кои нема да ви помогнат да си го проширите знаењето, ниту ќе ви помогнат во зголемување на формата.

Мит: Кога ќе престанете да вежбате, мускулите се претвораат во масни наслаги
Реалност: Мускулите и масните наслаги се две сосем различни ткива кои имаат различни функции, така што физиолошки е невозможно едното да се претвори во другото. Ако престанете да вежбате вашите мускули атрофираат, без разлика колку напорно сте вежбале пред тоа. Ако пак на тоа внесувате и повеќе калории од потребното тие калории ќе се претворат во масно ткиво.
Мит: Морате да вежбате 30 минути непрестајно за да бидете во форма
Реалност: Три серии кардио вежби од по 10 минути, имаат ист ефект како и непрестајно вежбање од 30 минути. Ако сакате да симнете повеќе килограми ќе вежбате повеќе. Доколку немате премногу време за да се посветите на вежбањето само зголемете го интензитетот.
Мит: Луѓето со зголемена телесна тежина имаат побавен метаболизам
Реалност: Има луѓе кои имаат пореметување на метаболизмот, но помалку од 10% од луѓето патат од нешто такво. Всушност, колку сте потешки, толку повеќе калории трошите при вежбањето, споредено со некоја послаба личност.
Мит: Вишокот килограми не може да се симне со пливање
Реалност: Точно е дека поголемиот дел од пливачите заради фактот што пливаат во ладна вода, имаат тенеденција да го задржуваат масното ткиво бидејќи им служи како изолатор. Но, кај поголемиот дел од пливачите доаѓа до намалување на телесната тежина бидејќи трошат од 450 до 700 калории при пливањето.

Мит: Истегнувањето пред вежбање ги спречува повредите и го подобрува вежбањето
Реалност: Ова е нешто за што познавачите на оваа област сè уште не можат да утврдат дали е мит или вистина. Точно е дека при истегнувањето можете да се повредите, но од друга страна ве прави поеластични.
Мит: Повеќе калории ќе потрошите ако вежбате на ладно време
Реалност: Немојте премногу да се оптоварувате со овој мит и да се мрзнете трчајќи. Во почетните митови можеби ќе потрошите неколку калории плус, но кога вашето тело ќе се загрее ќе троши ист број калории без разлика дали вежбате на топло или ладно.
Мит: Кога телото ви е навикнато на некои вежби, ќе потрошите помалку калории
Реалност: Ако сте го прилагодиле интензитетот, ќе потрошите еднаков број на калории како и минатата недела, месец, односно година. Експертите велат дека овие принципи се применливи само за вежбите при кои нашето тело природно е неефикасно. Па така кога ќе го навикнете на таквите вежби, во почетокот ќе трошите помалку калории, но само од 2 до 5 проценти отколку кога сте почнале да ги правите.
Мит: Читачот на калории на справите за вежбање е точен
Реалност: Ова ќе делува обесхрабрувачки, но според истражувањата некои справи грешат дури и до 70% кога станува збор за бројот на калории што сте ги потрошиле. Но, на домашниот велосипед и лентите за трчање можете да им верувате, ако имаат опција да ги вметнете своите податоци за тежината и годините.
