Најдобриот начин да ја намалите болката во мускулите по вежбањето

Кога ќе се одлучите да истрчате уште неколку метри или пак да вежбате со поголема тежина, очекувате наредниот ден да имате болка во мускулите. Сепак, закрепнувањето од вежбањето не секогаш мора да биде болно. Пиењето сок од лубеница може да ја намали болката по тренингот, според последното истражување објавено во Journal of Agricultural and Food Chemistry.
За целите на истражувањето, истражувачите на 7 мажи им задале велосипедска рутина, на три различни начини. Два дена им биле давани инструкции да пијат сок од лубеница пред вежбањето. Третиот ден им бил даден розов плацебо пијалак непосредно пред вежбањето.
24 часа по вежбањето многу од вежбачите се пожалиле на болки во мускулите, но кажале дека чувствувале многу помалку болка во деновите кога консумирале сок од лубеница.
Се прашувате, како сокот од лубеница може да ја намали болката? „Таа содржи амино киселина наречена Л цитрулин што ја поттикнува циркулацијата на крвта, па така нејзиното консумирање помага да стигне повеќе кислород до мускулите, што значи дека на овој начин тие самите се обновуваат многу побрзо“, вели професорот на технологија на храна на Универзитетот Cartagena, Encarna Aguayo.
Сѐ уште сте жедни? Додајте парчиња лубеница во блендер за да направите домашен сок или пак додајте лубеница во смуди пијалаците. За најдобри резултати консумирајте малку повеќе од две шолји сок од лубеница, веднаш пред интензивните тренинзи. Ова е количината што ја пиеле испитаниците во истражувањето.
И? Чувствувате подобрување?