Како да ги стопите килограмите без да мора да вежбате?
Постојат луѓе кои иако сакаат да вложат во својот изглед, не сакаат ни да помислат да влезат во теретана или пак не го сакаат трчањето како активност. Ако сте дел од тие луѓе, имаме добра вест за вас, не мора да го правите тоа – можете едноставно да пешачите.

Стручњаците за здравје препорачуваат да направите 10.000 чекори дневно, со тоа што вие самите ќе си го одберете интензитетот и местото. Најдобро е таа долга прошетка да ја направите на пријатно сончево време.
Еве неколку совети како да ги стопите килограмите со помош на пешачење.
1. Држење
Ако имате правилно држење на телото, тогаш мускулите на грбот и задникот правилно ќе работат, а со самото тоа полесно ќе се стискаат и опуштаат. Тоа значи повеќе согорени калории. Што значи правилно држење на телото? Рамената ставете ги назад, исправете ја главата, а градите исправете ги напред.
2. Отчукувања на срцето
Треба да го зголемите отчукувањето на срцето, за да му овозможите на телото да согорува поголем број калории. За да го постигнете тоа потребни ви се побрзи чекори.
3. Движете ги лактите
Иако на прв поглед не ви изгледа така, брзината на вашето движење зависи од лактите, односно нивниот замав. Замавнувањето овозможува движење и ве тера напред. Воедно овозможува јакнење на горниот дел на телото и согорување на поголем број на калории. Лактите држете ги под прав агол.
4. За цврсти стомачни мускули
Ако сакате цврсти стомачни мускули не морате да легнете на под и да правите стомачни вежби. Според некои стручњаци, најделотворна вежба за стомачните мускули е онаа која се прави додека човек е на нозе. Тоа можете да го изведете така што ќе ги стегнете мускулите додека одите.
5. За цврст задник
Одењето по рамна патека е делотворно, но ако сакате тоа да има ефект на вашиот задник тогаш во интервали морате да ја менувате патеката. Одете на рамен пат, потоа искачете угорнина или малку пострмен пат.
6. Стапала
Одете така што ќе се потпрете на целото стапало, односно користете го целото стапало од прстите до петите. Првиот допир со земјата мора да го направите со петата, а движењето да заврши со вашите прсти. Така вашиот чекор ќе биде поцврст, ќе ги затегнете мускулите на задникот и ќе потрошите поголемо количество калории.
7. Чекор
Одвреме, навреме променете ја должината на чекорот. Најдобар начин за брза прошетка е правењето мали чекори, но ако сакате да влијаете на мускулите и од поинаков аспект тогаш продолжете го чекорот во одреден период од вашата прошетка.