Фитнес

Колкава активност ви е потребна за да ги согорите калориите?

За да ги согорите калориите после изеден чоколаден сладолед потребна ви е физичка активност еквивалентна на пешачење во период од еден час, а за да согорите калории колку што има во едно парче пица потребно е да играте фудбал еден час. Според истражувањето што го пренесе Daily Mail, фактот што ќе ги знаете овие податоци се доволна мотивација да намалите со храната.

Истражувачите откриле дека луѓето јадат помалку, кога знаат колкав труд им е потребен за да согорат одреден оброк. Во истражувањето учествувале 300 личности на возраст од 18 до 30 години, а испитаниците имале задача да одберат едно од понудените менија. Во едно од менијата немало никакви податоци за оброците, на едниот ја пишувало калориската вредност, додека пак на третиот пишувало колкава активност е потребна за да се согорат калориите од внесениот оброк.

Истражувањето покажа дека луѓето на кои им се паднало третото мени, направило тие да бираат помалку калорична храна, во споредба со оние кои ги немале таквите податоци.

Во САД на пример, 48 ресторани меѓу кои и McDonald’s се согласија да ја истакнуваат калориската вредност на оброците. Дали тоа ќе ги одврати луѓето од внесување високо калорична храна останува да видиме.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button