Родителство

И сперматозоидите имаат своја сезона

image

 

Сперматозоидите се најздрави во текот на зимата и раната пролет, па заради тоа најмногудеца се раѓаат во есен утврдија израелските научници

 

 

Анализирајќи ја семената течност на повеќе од 6000 мажи, израелскиот тим утврдил поголем
број на сперматозоиди кои пливаат побрзо и имаат помалку абнормалности во текот на
зимата, додека со почетокот на пролетта сите параметри биле во постојано опаѓање.

Утврдено е дека мажите со нормално производство на сперматозоиди произведуваат околу
70 милиони од тие клетки по милилитар семена течност во текот на зимата, а од нив 5% имаат
брза подвижност, што ги зголемува можностите на жената да зачне.

Во текот на пролетта производството на сперматозоиди се намалува на просечно 68 милиони
по милилитар семена течност, од кои само 3% имаат брза подвижност.

Израелскиот тим заклучил дека кај мажите без проблеми на плодност, најдобри резултати
на оплодување се постигнуваат во зима, а кај оние со помала плодност во текот на есента и
пролетта.

 

 

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button