Внимавајте: Синусите страдаат од базените
Во летниот период, честопати спасот од високата надворешна температура го бараме во базените. Но, внимавајте бидејќи хлорот кој се користи за дезинфекција на базените и бактериите кои се наоѓаат во самата вода можат да предизвикаат проблеми со синусите.
За да ја спречите оваа непријатна појава, додека пливате во базен, носете чепчиња за нос, бидејќи на тој начин ќе ја намалите количината на хлор која што може да дојде во синусите. Доколку често се чувствувате исцрпено по излегувањето од базен, исплакнете ги ноздрите со солен раствор веднаш кога ќе стасате дома.
Симптомите кои се јавуваат како последица на ова заболување се: интензивна болка при мрдање на главата, замор, болка во слепоочниците, притисок во ушите, треска, главоболка и тешкотии во дишењето. За да си помогнете, користете раствори за плакнење на синусите, кој механички ги отстранува честичките кои се лепат за потечената слузокожа на носот (бактерии, вируси, честички на полен и прашина).
Подготви: К. А.

