Занимливости

Со овие совети сигурно ќе ослабнете во 2015!

Тајната на трајното губење на килограмите се крие во нашите дневни одлуки. Прочитајте ги следните совети во врска со тоа, проверено „функционираат“!


Совети за мотивација:


1. Пред себе поставете помали цели како за почеток, можеби и двојно помали од бројката која што навистина сакате да ја постигнете. Бројката напишете ја на парчиња хартија и истите закачете ги на фрижидерот, огледалото, во бањата…

2. Резултатите следете ги на вагата, а не преку гардеробата. Докажано е дека секојдневното мерење на тежината дава подобри резултати во слабеењето.

3. Земете стара фотографија од себеси на која ви се допаѓа како изгледате и истата ставете ја некаде каде што секогаш ќе ви биде пред очите.

4. Купете ново парче облека, но со големина која што сакате да ја достигнете. Истото не го ставајте во плакарот, туку некаде каде што ќе ве биде пред очите постојано.

5. Опкружете се со поддршка: од пријателите, од семејството, од колегите, од тренерот… Не е важно кој ќе ве подржува, туку како тој тоа ќе го прави. Пронајдете личност која со сето свое срце ќе ве подржува и која притоа ќе има храброст грубо и без грижа на совеста да ви каже: „Не, ти тоа не смееш да го јадеш!“.

6. Тренирајте ги и позитивните мисли, а не само мускулите. „Јас тоа го можам и ќе успеам!“

7. Слободно на социјалните мрежи објавувајте го секој ваш успех.

8. Вашите тренинзи нека не бидат секогаш исти. Комбинирајте различни вежби за да не ви здодее вежбањето.

9. Доколку немате пари за теретана или личен тренер, трчајте надвор, вежбајте сами во домашни услови гледајќи вежби на ЦД, од интернет или некоја апликација… Нема изговори!


Совети за исхрана:


1. Јадете храна богата со хранливи влакна: грашок, банана, спанаќ, крушки, портокали, јаболка, цвекло, бадеми, грав, кафеав ориз, зелка, карфиол и малини.

2. Броењето на калориите се основа за секоја диета, но и количината на храната, односно големината на порциите. Имајте го тоа предвид.

3. Водете дневник за исхрана кој ќе биде ваш водич за видот и количината на храна која сте ја внеле во вашиот организам во текот на денот.

4. Помалку јадете готова купена храна, односно преферирајте храна која сами ќе ја приготвите.

5. Заборавете на соковите во тетрапак и сите останати кои се нудат во продавниците, а потрудете се и алкохолот да го консумирате само во ретки прилики.

6. Повремено прекршувајте ги правилата, уживајте во омилената „забранета“ храна, еднаш во десет дена, на пример.

7. Додавајте повеќе протеини во вашата исхрана: месо, риба, јајца, сирење.

8. Пијте многу вода, особено кога порано ќе се почувствувате гладни. Помеѓу два ваши оброци би требало да има временско растојание од најмалку три часа.

9. Не јадете навечер, по 20 часот. Доколку се почувствувате гладни, напијте се вода и чај.


Совети за животните навики:


1. Слушајте музика – тоа е одличен начин да се опуштите, па дури и додека работите.

2. Спијте најмалку седум часа во текот на секоја ноќ.

3. Барем неколку часа дневно бидете офлајн, далеку од компјутерот и модерната технологија.

4. Не држете диети кои подразбираат откажување – променете го животниот стил затоа што добрите навики лесно можат да станат и ваша рутина.

5. Редовно одете на систематски прегледи.

6. Колку што можете повеќе време поминувајте во природа.

7. На социјалните мрежи следете спортисти, рекреативци и други промотори на здравиот стил на живот.

8. Чистете го домот, пеглајте, шетајте го кучето… само немојте цел ден да седите! Излезете од автобусот две станици пред крајната дестинација, не го користете лифтот…

9. Во текот на паузата од работата или учењето, движете се, наместо да се преместувате од еден на друг стол.

Подготви: К. А.

 


Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button