Занимливости

Ви треба мотивација за да се откажете од цигарите? Погледнете го ова!

Доколку ви недостасува нешто што дополнително ќе ве поттикне да ги оставите цигарите веќе еднаш за секогаш, покрај смртната закана секако, погледнете го ова кратко видео…

Тоа јасно ја покажува разликата во изгледот и капацитетот на белите дробови на пушачите и на непушачите.


Доволно е само да повлечете еден дим за никотинот да стигне до мозокот и да ви создаде чувство на задоволство и енергија, а вашата концентрација се подигнува на повисоко ниво. Ова ја ублажува состојбата на стрес и анксиозност со што можат да се поисоветуваат речиси сите пушачи, а тие и сами ќе се согласат и дека тоа е една од главните причини поради кои пушачите одлучиле да бидат жртви на таквата зависност.


Но доволно е само половина час за тоа чувство да се смири и не ви преостанува ништо друго туку да запалите уште една, а сето тоа скапо ќе ве чини во иднина.


Па така, Хрватска на пример, секоја година од последиците од пушењето губи еден град со големина на Макарска, а редовните пушачи две свои плати ги претвора во дим.


Многу луѓе кои се свесни за овие факти одлучуваат да и’ стават крај на оваа зависност, но со одредена цена. Краток фитил, лутина, агресија и негативни чувства се само некои од симптомите кои со себе ги повлекува процесот на откажување, кој во најголем број случаи завршува неуспешно.


Општо е познато дека поради пушењето најмногу страдаат белите дробови. Тоа ги уништува воздушните перничиња и дишните патишта во белите дробови, а последиците можат да бидат фатални. Меѓудругото се зголемува и ризикот за срцев удар, а последиците можат да имаат влијание и врз сексуалниот живот. Погледнете ја разликата на белите дробови помеѓу пушач и непушач и сами одлучете дали сакате да запалите.


Силната желба за цигара трае до три минути, а можете да ја потиснете со перење заби, туширање, конзумација на храна, на пример јаболка, прошетка или со било која друга активност.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button