Еве зошто тангите и депилацијата се најголем непријател на секоја жена

ИЗБЕГНУВАЈТЕ ДА НОСИТЕ ТАНГА ГАЌИЧКИ
Тангите треба да ги носите што поретко. Тие најчесто се изработени од синтетички материјал кој не е пријатен за кожата. Тие ја немаат основната функција, а тоа е да ги покриваат интимните органи. Задниот дел од тангата со константното триење измеѓу глутеусот и околу аналниот предел допринесува бактериите од цревниот тракт да се пренесуваат кој половиот орган или кон мочниот меур.
Гинеколозите на тангите гледаат како на моден детал, а не на функционален избор и ако навистина мора да ги носите, бирајте ги оние од природни материјали.

ВЛОШКИ ИЛИ ТАМПОНИ?
И влошките и тампоните се подеднакво ефикасни и најважно е често да ги менувате. Исто така, изборот зависи и од обемноста и должината на траење на циклусот. Без оглед на тоа, акцентот е на честата промена и редовна хигиена.
ВЛАКНАТА „ТАМУ ДОЛЕ“ ТРЕБА И ДА ОСТАНАТ ТАМУ
Срамните влакна имаат заштитна улога, а целосната депилација може да ја оштети кожата и да доведе до проблеми на внатрешно растење на влакната и гнојни процеси. Иако со отстранувањето на срамните влакна полесно и подобро се спроведува хигиена на половиот орган, самиот процес на депилација може да биде и опасен. Кожата во пределот на гениталиите е многу чувствителна и при депилацијата со топли средства може да дојде до изгореници и до физичко оштетување, а може и да се развијат мошне непријатни воспалителни процеси.

ВНИМАВАЈТЕ ШТО ПИШУВА НА ВЛАЖНИТЕ МАРАМЧИЊА
Постојат влажни марамчиња кои се наменети за бришење на интимните делови од телото, но тие треба да се користат што поретко и само во ситуации кога не сте во можност да користите вода т.е. кога сте надвор од дома.
ЧУДНО ЗВУЧИ, НО ПОДАЛЕКУ ОД САПУНИТЕ
Најголема грешка е нередовното и неправилното одржување на хигиена на гениталиите. Грешка е претерано користење на хемии, сапуни, шампони со кои се менува PH вагиналната средина и се зголемува можноста за развој на бактерии и габички во вагиналната средина.
