Занимливости

Во Австрија најдени радиоактивни пелени за возрасни

Австриски експерти пронашле во Виена алармантно високо ниво на радиоактивност – во пелените за возрасни.

По истоварувањето на камионот, надлежните за опасни материи нашле речиси два пакети пелени од болницата кои биле контаминирани со радиоактивен јод.

Таа супстанца се внесува во организмот за време на медицински постапки, но иако нивото на зрачење е значително над нормалата, шефот на единицата за опасни материи Дитер Јонас вели дека никој не бил во опасност.

Австриски претставници, меѓутоа, го следат патот по кој се движел камионот, и пелените ќе останат во метален контејнер онолку колку што е потребно за нивото на радијација да се врати на безбедно ниво.

 

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button