Занимливости

Светски ден на борба со дијабетесот: Во Македонија има 200.000 лица со дијабетес со тип 1 и 2

Во очи Светскиот ден на одбележувањето на борбата со дијабетесот 14 ноември, ние, лицата со дијабетес, покрај тоа што сакаме да ја информираме јавноста за состојбата со дијабетесот во Македонија, сакаме и да укажеме на неколку исклучителни и релевантни факти за истиот во Република Македонија:

Во Македонија има приближно 200.000 лица со дијабетес тип 1 и тип 2. Од нив околу 43 000 лица примаат инсулин (толку жители брои на пример Струмица).

На детската клиника на годишно ниво се регистрираат приближно 30 деца со дијабетес тип 1 (инсулин зависен). Оваа година а до денес, дијабетес мелитус тип1 е дијагностициран кај 33 деца.

За успешно третирање на гликозата во крвта кај лицата со дијабетес, посебно кај децата со тип 1, чие ниво на шеќер во крвта е доста варијабилно, возападните земји се грижи цел еден тим: ендокринолог, сестра, едукатор, како идиететичар. Постои еден слоган, а кој секој дијабетичар во светот го распознава:“за добро регулиран шеќер треба тим”.

Како е кај нас? Ни одалеку како таму, каде децата и возразните со дијабетес соработуваат со тој тим. Дискутабилоно е и што се случува со децата и возрасните, посебно оние кои живеат надвор од Скопје, каде што докторите ендокринолози се “претворени” само во писари, а ве прегледуваат, односно погледнуваат еднаш на шест месеци, без да ви дадат никакви насоки за исхраната, физичката активност и ред други совети и насоки кои се основа задобра регулација на гликозата во крвта.

Особено што индивидуалните разлики во третирањето на дијабетесот се огромни.


И колку од лицата со дијабетес сесвесни дека треба да прават проверка на гликолизираниот хемоглобин-HbA1C или популарно наречениот просек на секои три месеци? Значи не само оние со тип 1,туку сите дијабетичари. Каде е едукацијата, која за животот на еден дијабетичар еоснова?


Во овој случај ни оддалеку не ги обвинуваме докторите, кои што за жал сепретрупани веројатно повеќе со администрација отколку со пациенти и каде што еден доктор води по “мал милион” лица со дијабетес.

Во 98 отсто од случаите на дијабетес милитус тип 1 кај децата, станува зборза нестабилен, склон кон кетоацидоза, инсулино зависен дијабетес. На истите тие деца и адолесценти дали некој им кажува колку е битно мерењето на кетони во урината, посебно кога децата се во пубертет, и кога во тој период шеќерот е најмногу варијабилен. Кај нас не само што тие лентички за мерење на кетони во урината остануваат на товар на дијабетичарите, туку во аптеките во градовите надвор од Скопје не можат ниту да се најдат, а уште пострашно е и тоа што воболниците се случува доста често да ги нема .

Дали некој им објаснил на родителите што е “феномен на зората”, кога во утринските часови кај децата поради растот се лачи кортизол и други останатихормони одговорни за растот, па тогаш се најчестите утрински хипогликемии? Искрено – не веруваме.

Што се однесува до едукацијата на децата и родителитево однос на дијабетесот има уште многу да се набројува и учи, зошто дијабетесоттип 1 (оној кој е специфичен за децата) е состојба, доживотна, бар за сега. Но, ние како дијабетичари и родители на деца со дијабетес само сакаме да посочиме колкава е свеста за дијабетот во нашата држава.

И додека министерот за здравство Никола Тодоровски се занимава соформирање на некаква комисија за утврдување и третирање на дијабетот (иако не ни е јасно, доколку навистина е точно тврдењето на министерството декасе работи за нормативна материја од 80 страни) како мисли да ја спроведе најавената јавната расправа по ова прашање за десетина или дваесетина дена затоа што сепак овде не се работи за промена на ДУП-ови туку за човечко здравје.

Ние сакаме само да поставиме едно практично прашање, на кое не мора тој да одговори, туку може и неговиот советник др. Смоковски, ендокринолог кој работина токсикологија:

Дали знаете како се аплицира инсулин? Бидејќи веруваме дека само сте наслушнале, ние дијабетичарите ќе ви одговориме точно: ПОДКОЖНО! Што не е случај и кај нас, бар не кај бебињата и децата – тие инсулин примаат најчесто мускулно, бидејќи сите дијабетичари во Македонија, без разлика на возраста, примаат инсулин со игли со иста големина, што е многу погрешно. И поболно. Дали министре сте чуле дека скоро секаде во светот освен 6мм (шест милиметарски) игли за инсулинските пенкала (оние потрошните), постојат и 4мм, 8мм, 10мм? А се употребуваат во зависност од физичката градба и дебелината на поткожно ткиво.

Кожата и поткожното ткиво на бебе и возрасен не е иста. А за болката приапликацијата веројатно најдобро знаат децата. Ние само ќе ве информираме дека цената на една кутија со 100 игли, а која еден дијабетичар ја троши во просек за месец до два, е околу 20 евра. И исто така ќе ве информираме дека во иднина ќе се заложиме овие игли да се најдат на позитивната листа.

За глукомерите (апарат за мерење шеќер во крв) кои вршат 24 часовен мониторинг на шеќерот во крвта, во случајов е излишно да се зборува. Во западните земји пак, тие глукомери за децата се на позитивната листа. Кај нас сега за сега, само научна фантастика.

Што се однесува пак до колку вештачки, толку и намерно предизвиканата инсулинска криза во државата, а која благодарение на упорноста на самите дијабетичари и донацијата на “спорните” инсулини вредна близу 700 000 евра од страна на Новонордиск – Македонија брзо се надмина, само уште еднаш јасно ќе нагласиме: исто така жестоко ќе реагиравме и ќе се боревме противадминистративна промена на терапија наметната од ваша страна, а се со цел дасе заштедат средства и доколку се потрошеа залихите на било кој од инсулинитена другите производители.


Овој пат министере Тодоров, а по повод Светскиот денна борбата со дијабетесот, би Ви го предложиле следново: ОСТАВКА! – oд местото минисер за здравство. Или, можеби подобро, предлог до премиерот Груевски:бидејќи министерот за здравство е многу “брижен” за заштедите од буџетот на РМ, а на сметка на здравјето на околу 43.000 лица со дијабетес, да ве “преротира” во минисер за финансии или економија или можеби и да измисли некој ресор кој што ќе одговара само на вашите квалитети и да ви дозволи да го „разработите“ и да го направите профитабилен.

Тоа е она што ние, лицата со дијабетес во Македонија сакаме да го кажеме по повод одбележувањето на Светскиот ден на борба со дијабетесот 14 ноември, а кој секако заслуживме да го прославиме. Добредојдени сте сите.


Да се потрудиме свеста за дијабетесот во Македонија да ја кренеме на повисоко ниво.

Асоцијација за детски дијабес Баланс МК 

 

Displaying Nastan7.jpg


Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button