ВО ЛЕТНИОТ ПЕРИОД: Вардете се од овие болести
топло време (Фото: Телеграф.мк/Радован Вујовиќ) Пристигна летото, а со него и бактериите и други неволји кои одат покрај високите температури. Инфекциите, кои се нормална појава и се појавуваат при покачени температури, можат да бидат благи, но и смртоносни.
Ви претставуваме седум болести кои се скриена опасност на ова годишно време.
Западнонилска треска
Овој вирус го пренесуваат птиците и комарците и се пренесува на луѓето со каснување од комарец. Оваа инфекција се зголемува во јуни, а кон средината на август е во најголем пораст.
(Фото: ЕПА)
Многу заразени не покажуваат никакви симптоми, додека кај други се појавуваат треска, главоболка и вртоглавица. Еден отсто од заболените развиваат сериозни невролошки нарушувања, како енцефалитис, менингитис или парализа, додека дури 10 отсто умираат од оваа инфекција.
Ризикот од добивање на овој вирус може да се намали со користење репеленти против инсекти, носење заштитна облека, долги ракави и панталони кои ќе спречат каснување од инсекти.
Паразит познат како амеба која го јаде мозокот
Станува збор за амеба која живее во топла вода, на пример, во езерата, реките и во топлите извори. Може да се најде во земјата. Најчесто овие инфекции се случуваат во текот на летните месеци. Луѓето се инфицираат од оваа амеба пливајќи во топла вода.
(Фото: whatsnew.com.pk)
Водата која го содржи овој паразит влегува во телото низ носот, а потоа патува до мозокот, каде што предизвикува смртоносно воспаление на мозокот и мембрани кои го обвиткуваат. За среќа, овие инфекции се ретки, од 2003 до 2013 во Америка, каде што статистиката се води прецизно, се забележани само 13 случаи. Луѓето што ја добиваат оваа инфекција најчесто умираат.
Лајмска болест
Крлежите, основни носители на бактерии кои предизвикуваат лајмска болест, се најактивни во текот на пролетта, на почетокот од летото и во есента.
Лајмска болест (Фото: macleans.ca)
Тие живеат на темни и влажни места и можат да се најдат во тревата, градините, на кората на дрвјата и на стари ѕидови. За да ги избегнете крлежите, носете долги панталони и користете репеленти за инсекти.
Инфекција на уво
Пливачко уво или отитис екстерна, како што е латинското име за воспаление на надворешното уво, е честа инфекција поради која милиони луѓе се обраќаат на лекар.
(Фото: redorbit.com)
За да ги спречите проблемите со ушите, важно е да користите капа за пливање и да ги сушите ушите со суви пешкири, веднаш штом ќе излезете од вода. Исто така, не треба да ги чистите ушите со стапчиња бидејќи маста што се наоѓа во ушите ги заштитува од вакви инфекции.
Хипертермија
Високите температури убиваат илјадници луѓе годишно, а голем број погодени од хипертермија завршуваат на лекар. Од 1979 до 2003 година повеќе луѓе умреле од хипертермија отколку од торнада, урагани, поплави и земјотреси заедно. Високите температури предизвикуваат хипертермија, состојба во која телото на човекот апсорбира поголема температура отколку што може да поднесе.
(Фото: Foter)
За да ја избегнете оваа состојба, важно е да седите во добро проветрени и климатизирани простории и да пиете доволно течности. Никогаш не оставајте ги децата и домашните миленици во затворени автомобили.
Камен во бубрезите
Во текот на летото треба да внимаваме на дехидратацијата, која, како што велат лекарите, кај некои луѓе развива камен во бубрезите.
(Фото: healthinfonet.ecu.edu.au)
Бидејќи се потите, телото ослободува вода и помалку мокрите, што помага минералите да направат камен во уринарниот тракт.
Вирус ханта
Овој вирус го пренесуваат глодачи и може да предизвика смртоносна болест наречена пулмонарен ханта вирус синдром. Во текот на летните месеци, кога луѓето повеќе време поминуваат надвор, поголеми се шансите да дојдат во допир со остатоците и излачените материи на инфицирани глодачи и така да се заразат.
(Фото: aappublications.org)
Овој вирус може да се внесе во организмот и преку воздухот, пишува „Хафингтон пост“. За да избегнете инфекција, се советува во просторот во кој поминувате најмногу време, дома и деловните простории, да нема глодачи.
(Телеграф.мк/МИА)
