ВРЕДИ ДА СЕ ПРОЧИТА: Нешта што не сте ги знаеле за карминот за усни
Просечна жена јаде 2-3 килограми кармин во својот животДали знаете дека за време на Втората светска војна Винстон Черчил го забранил производството на цела козметика, освен на карминот? Кои познати политичари се шминкале, како и зошто некои жени постари од 44 години не смеат да ставаат кармин?
Во времето на Римското Царство, карминот е користен како маркер за социјалниот статус. Дури и мажите ставале кармин, и со тоа поажувале каде се на општествената скала. И Џорџ Вашингтон повремено ги шминкал усните.
Ако сакате црвен кармин, знајте дека во Стара Грција со него се мачкале само проститутките. Исто така голем број жени тогаш, воопшто, не се ни шминкале.
Не знаеме дали поради тоа или поради некоја друга причина, во Британија во 1650 година било предложено на жените да им се забрани нанесување кармин. Предлогот не добил мнозинство гласови.
Меѓутоа, во Канзас во 1915 година е изгласано жените постари од 44 години да не смеат да ставаат кармин, бидејќи така создавале лажен впечаток дека се помлади.
„The Balmoral Lipstick“ е направен специјално за кралицата Елизабета Втора, за да нијансата на усните биде во склад со бојата на фустанот што го носела на церемонијата на крунисувањето во 1952 година.
Станува збор за кармин со топло црвена боја, кој името го добил по шкотската куќа на селото на кралицата. Актерките кои снимале заедно со Елизабет Тејлор, не смееле да имаат црвени усни, туку карминот смеела да го носи само таа.
Истражувањето спроведено во 2000 година покажало дека кармин за усни најмногу користат Американките. Дури 80 отсто од нив, што е за десет проценти повеќе отколку Французинките.
(Телеграф.мк/МИА)