Занимливости

Вардар победи, Металург загуби за крај на 2014-та

Македонските ракометни тимови Вардар и Металург со гостувањата во Осијек односно Крагуевац, ставија крај на натпреварувачката 2014 година. Двете македонски екипи настапија во СЕХА конкуренцијата, Вардар забележа победа над Нексе (30:27), додека Металург загуби од Раднички (24:29).

Вардар против Нексе настапи со 11 играчи плус двајца голмани, но и покрај тоа забележа сигурна победа. Вардар во деветтата минута првпат стигна до предност од три гола и таа предност без поголеми проблеми ја одржа до крајот.

Добривоје Марковиќ со 11 гола беше најефикасниот играч на Вардар, Стеван Терзиќ постигна пет, а голманот Страхиња Милиќ имаше 13 одбрани.

Вардар е втор на табелата во СЕХА конкуренцијата со десет победи и два пораза.

Металург во Крагуевац настапи без Миркуловски, Манасков и Вугринец, па поголема минутажа добија Талевски, Костески и Борјан Маџовски. Талевски постигна пет гола, Костески три, а Маџовски два гола.

Инаку, во Крагуевац Металург постојано беше во негатива, а Раднички клучната разлика ја создаде во последните десет минути од првото полувреме, кога на двапати направи серии од по 3:0.

Наумче Мојсовски со осум гола беше најефикасниот играч на Металург, во чии редови повторно потфрлија голманите, Митревски и Мисовски заедно имаа осум интервенции.

Металург во СЕХА лигата има скор од четири победи и шест порази.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button