Осум причини зошто бананата ќе ја гледате на поинаков начин
Ако сте „паднати“ бананата најбрзо ќе ве „крене“ и ќе ви даде енертија. Таа содржи три видови шеќери во комбинација со влакна и затоа е незаменлива. Стручњаците велат дека само две средни банани даваат сила за еден час и половина тренинг. Ја користат и спортисти и атлетичари, а корисна е и затоа што помага во превенцијана одредени на болести.
Депресија
Според најновите истражувања луѓето кои се склони на депресија се чувствуваат подобро кога ќе изедат неколку банани. Објаснувањето е дека бананата содржи триотопан, вид на протеин кој во телото се претвора во серотонин, хормон кој релаксира, го подобрува расположението и ве прави посреќни.
ПМС
Jадете банани! Витаминот Б6 кој го сорджи бананата го регулира нивото на гликоза во крвта.
Анемија
Богата е со железо, па затоа бананата е одличен избор за оние кои страдаат од анемија (слабокрвност).
Крвен притисок
Ова единствено тропско овошје е пребогато со калиум, има малку сол, и со тоа е совршена комбинација за борбата против високиот крвен притисок.
Мамурлак
Најбрз начин да се ослободите од мамурлакот е да испиете шејк од банана засладен со мед.
Каснување од комарец
Кога ќе ве касне комарец, каснатото место истријте го со внатрешната страна од кората бананата. Отокот и чешањето ќе се намалат.
Смирува
Бананата е богата со витаминот В6 кој благотворно влијае врз нервниот систем. Студиите од институтот за психологија во Австрија укажуваат дека смирува и нервоза и грчеви во стомакот.
Ја контролира температурата
Во многу култури бананата е овошје кое „лади“. Така во Тајланд, бремените жени често јадат банани за да се осигураат бебето ќе се роди во нормално очекуваната температура.
Подготви: К. А.
