Занимливости

Рецепт: Проја мафини со тиквички

Потребни состојки:

2 јајца

1 свежа тиквичка

100 гр. крем сирење

160 гр. брашно

50 гр. пченкарно брашно

1 кесичка прашок за печиво

сол

50 мл. масло за јадење

100 мл. млеко

магдонос

 Подготовка:


Измиената и излупената тиквичка изрендајте ја крупно.

Белото и пченкарното брашно и прашокот за печиво промешајте го во еден сад, а во друг сад изматете ги јајцата и додајте го маслото за јадење, млекото, ренданата тиквичка, сечканиот магдонос и крем сирењето. На оваа смеса пополека додавајте и го измешаното брашно измешајте и ставајте ја смесата во калапи за мафини.

Печете околу 25 минути на 200 степени. Направете тест со чепкалка дали се печени мафините. Кога малку ќе се изладат изваете ги од калапот и декорирајте ги по желба.

Подготви:Б.В.


Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button