Занимливости

Отрови кои секојдневно ги „голтаме“

Брзото темпо на живот ни го диктира и начинот на кој ќе се храниме па така денес е тешко е да се замисли живот без индустриски преработена храна. Ретки се оние луѓе кои јадат само свежи продукти и оброци подготвени во своите кујни, а за да се храните здраво и квалитетно потребно е да издвоите многу време, пари и да вложите многу труд. Доколку немате доволно време и можности за да приготвувате здрава исхрана барем елиминирајте ја онаа храна која најмногу му штети на организмот.
Пилешки крокети и пржена храна
И кога станува збор за вистинско месо тоа се подготвува со многу масло и конзерванси. Во поголемиот дел од случаите во крокетите од различен вид оние кои се подготвуваат за миг, без оглед на тоа дали се пилешки или од риба, имајте на ум дека во нив има се друго освен чисто месо.
Пуканки од микробранова печка
На многумина омилени им се грицките и пуканките, кои можат да бидат здрави само доколку ги подготвувате во тенџере. Од друга страна, кога станува збор за пуканките кои се прават во микробранова печка, проблемот лежи во нивната ќесичка. Амбалажата е преполна со перфлуорооктаноична (ПФОА) киселина која ја поврзуваат со неплодноста. Киселината преминува на пуканките, а потоа и во вашиот организам. Најлошото е тоа што хемикалиите се наталожуваат и остануваат во телото со години и може да предизвикаат рак на црниот дроб, тестисите и на панкреасот.
Маргарин
Нутриционистката Џенифер Нелсон од Клиниката „Мејо“ тврди дека трансмасните киселини од оваа цврста растителна маст која е преработена индустриски како многу омилени намази, кај децата го зголемуваат ризикот од срцеви болести, и го поврзуваат со намалувањето на добриот холестерол. Исто така го зголемуваат ризикот од мозочен удар и дијабетес тип 2.
Конзервиран домат
Тука проблемот повторно настанува во амбалажата како во случајот со пуканките. Стручњаците утврдиле дека конзервите ја поседуваат хемикалијата бисфенол-А (БПА) која е поврзана со дијабетесот и срцевите болести. Со еден литар конзервиран домат во организмот може да внесете 50 микрограма БПА, а таа количина влијае на луѓето особено на младите. Затоа доколку веќе морате купувајте домати од стаклени тегли.
Преливи  за салата
Поради недостиг на време, но и во рестораните за брза храна многу често посегнуваат за преливи кои ја зачинуваат салатата, но тоа воопшто не е добро бидејќи готовите преливи содржат многу шеќери и конзерванси, а оние кои на себе ја имаат ознаката дека поседуваат помалку масти имаат повеќе штетни работи. На пример, високофруктузниот пченкарен сируп докажано е дека дебелее побрзо од обичниот шеќер.
Енергетски десерти
Мислите дека јадете здраво ако посегнете по енергетските десерти? Во голема заблуда сте бидејќи станува збор за сладок, а не за здрав производ. Енергетските десерти, освен вообичаените состојки кои нагло го покачуваат нивото на шеќерот во крвта, ја оптоваруваат слезината бидејќи во себе имаат калории кои дебелеат. Затоа наместо енергетски десерти подобро купете бадеми или ореви.
Неоргански одгледани јаболка
Јаболките се едни од најздравите продукти на светот, но не сите. Само оние кои се одгледани во овоштарниците на нашите баби и дедовци, или конкретно оние јаболки чие потекло ни е познато бидејќи модерното овоштарство користи големи количества хемикалии. Поради големата количина пестициди во јаболките веќе со години се наоѓаат меѓу 12 најлоши производи на листата на „Enviromental working groups dirty dozen“. Труењето со пестициди носи сериозни здравствени ризици како откажување на црниот дроб, бубрезите и срцето, велат од американската Агенција за превенција и контрола на болести.

 Подготви: К. А.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button