Моќта на прегратката: Ја смирува болката и го намалува стресот
Понеделник, 10 Ноември 2014 10:56
Прегратките и допирите од саканите се лек за многу здравствени тегоби, од намалување на стресот до исчезнување на болката но и ја зацврстуваат врската.

Едноистражување на оваа тема покажало дека држењето на саканата личност за рака во време на тешкотија, може да му ја намали болката. Односно, докажано е дека погледот или допирот од саканата личност дејствува како анестетик, а верувале или не дури и фотографијата од саканата личност може да има слично влијание.
Во истражувањето учевствувале 25 жени кои подолго време биле во стабилна врска. Жените кои се здобиле со помали изгореници, чувствувале помалку болка при гледањето на сликата од саканата личност. Самите жени на научниците им кажале дека болката била помала кога саканата личност ја држеле за рака.
На пример, мајката може да го утеши детето доколку го бакне на местото каде што се повредило. Затоа ако сакате да го намалите стресот или болката, разменувајте допири и прегратки со саканата личност. Таквиот животен стил ќе ве направи посреќни.