Плакатот за парфемот на Ријана е премногу провокативен
(Фото: Фејсбук) Плакатот за новиот парфем на познатата пејачка Ријана треба да биде поставуван само на места каде што децата не можат да го видат, затоа што, според оценката на експертите за огласување од АСА, фотографијата на пејачката е премногу провокативна, јави Би-би-си.
На таа фотографија Ријана седи гола на подот со кренати нозе на шишенцето од парфемот „Рог“. Меѓутоа, од компанијата „Парло фраглансис“ велат дека, иако пејачката е без облека, фотографијата не е несоодветна или понижувачка.
Експертите од АСА го прифатија фактот дека Ријана главно е покриена и дека изразот на нејзиното лице повеќе покажува пркос отколку ранливост, но објаснуваат дека фотографијата е провокативна поради нејзините кренати нозе и поради фактот дека очигледно е гола.
Врз основа на тоа, тие заклучиле дека плакатот е сексуално сугестивен и дека неговото поставување треба се ограничи на места каде што децата не можат да го видат.
(Телеграф.мк/Извор: МИА)