Со псовки против стрес во кризни ситуации
Истражување покажало дека постојат ситуации кога е прифатливо, па дури и здраво, да се користат псовки отколку да се задржува гневот во себе.
Истражувањето кое во 2009 година го спровел британскиот Универзитет Кили открило дека псовките ја зголемуваат толеранцијата на болка.
Во експериментот 64 студенти требале што подолго да ја држат едната рака во кофа со мраз. Кога студентите повторувале избрана псовка, успевале раката да ја задржат во кофата 140 секунди, а кога не смееле да псујат издржуале само 70 секунди.
– Се додека вашите зборови не се насочени кон некого, псуењето може да биде катарзично искуство, изјавил психологот Џон М.Грохол, додавајќи дека користењето псовки може да го ослободи човекот од чувство на бес или фрустрации.
Псовките, исто така, даваат чувство дека ги имате работите под контрола, дури и кога не е така, а според психијатарот Нил Бартон „со тоа може да се зајакне самодовербата и да се поттикнат натамошните мерки кои треба да се преземат“.
Related Posts






