Занимливости

ПРЕВЕНЦИЈА: Како да се заштитите од вирусот МЕРС?

Во Македонија нема регистриран случај на заболен од МЕРС, нов тип коронавирус кој дава многу потешки состојби, па дури и смртен исход. Во државата во континуитет се преземаат превентивни активности за заштита на населението од МЕРС.

Клиниката за инфективни болести во Скопје е подготвена за испитување и третман на заболен со воспоставени протоколи за постапување и спречување на интрахоспитални инфекции, а во Инстиутутот за јавно здравје се обезбедени тестови за дијагноза на сомнителен случај.

Коронавирусите може да предизвикаат болести кај луѓето што се движат од настинка до тежок акутен респираторен синдром, како што е САРС. Во моментов нема соодветна вакцина. Се смета дека случаите (досега 683 регистрирани во светот, со 204 смртни исходи, смртност 30 отсто) се заразиле од контакт со заразени животни или консумација на непреработени производи од заразени животни, пред сè камилата, преку пренос од едно на друго лице или преку стекнување на болеста во здравствени установи. Последните два случаja се две сестри во Иран кои не патувале, но биле во контакт со лице коe се вратило од аџилак во Саудиска Арабија.

(Фото: Foter)

(Фото: Foter)

Ова денеска на прес-конференција го истакна Јованка Костовска, раководител на Секторот за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство, која рече дека во насока на преземање на навремени активности, Комисијата за заразни болести при Министерството ја следи состојбата и ги спроведува препораките на Светската здравствена организација.

– До сите матични лекари е дистрибуирана информација за потребата за алерт и сомнеж за можна појава на заболен од МЕРС – коронавирус, која е доставена преку Центрите за јавно здравје и преку Здружението на матични лекари. Подготвена е брошура со основни информации за МЕРС – коронавирусот. За лицата што патуваат се подготвува краток памфлет за патници со основни препораки за превенција, кои ќе се достават до аеродромот „Александар Велики“ и до сите гранични премини – рече Костовска.

Симптоми на МЕРС – коронавирусот, како што рече, се температура, треска, кашлица, глад за воздух и тешкотии при дишењето и иако најголем број од заболените развиваат пневмонија, еден дел имаат гастроинтестинални симптоми со дијареја, а кај некои се појавиле бубрежни тегоби.

Фото:msnbcmedia.msn.com/

Фото: msnbcmedia.msn.com/

– Се препорачува за лицата што патуваат во ризичните земји од блискоисточниот регион да избегнуваат близок контакт со секој што покажува симптоми на респираторна болест, да одржуваат редовна хигиена на рацете, да консумираат добро термички обработено месо, измиено или излупено овошје или зеленчук, безбедна вода – најсигурно флаширана, да избегнуваат контакт со: диво или домашно животно, со камили, да не посетуваат фарми. Доколку се јават симптоми на болест при патување треба да се побара лекарска помош и да се избегнува близок контакт со други луѓе сè додека постојат симптоми и да одржува добра респираторна хигиена, со цел да не се пренесе болеста на други – рече Костовска.

Taа нагласи дека ако се појават респираторни симптоми, како што се кашлање или кивање, треба да се кашла или кива во ракавот со свиткан лакот, или во марамче, кое веднаш по употребата се фрла во корпа за отпадоци.

– Лицата што патувале во земјите на на Блискиот Исток ако во рок од 14 дена од враќањето развијат акутна респираторна болест, посебно инфекција придружена со треска или кашлање, истакна таа, треба веднаш да побараат медицинска помош, да кажат за патувањето, веднаш да ги известат локалните здравствени установи, да внимаваат при кашлање и кивање, да го сведат на минимум контактот со други лица за да се спречи понатамошно пренесување на болеста – рече Костовска.

(Телеграф.мк/МИА)

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button