Занимливости

Пет навики кои водат до сериозни проблеми

Доколку ви е битно вашето здравје, а секојдневно практикувате нешто од доленаведеното, бидете сигурни дека ве чекаат сериозни проблеми. Можеби е време за промени.

Постојано седите
Долго работите, а на работа цело време седите? Кога ќе дојдете дома повторно седите или лежите? Било каков облик на физичка активност не ви доаѓа на памет, а најголемото растојание кое го поминувате е од троседот до кујната? Доколку сакате прерано да го завршите животот или да живеете на лекови, само продолжете така. Во спротивно, почнете да се движите и да вежбате.

Лоша исхрана
Доколку вашата исхрана се состои од брза храна, црвено месо, многу масти и шеќери, лошо ви се пишува. Знаете и сами дека тоа е нездрава храна, но тешко ви е да се откажете од лезетските залаци на омилените јадења. Размислете каде би можеле да стигнете со таков начин на исхрана.

Лош однос кон телото
Мрзеливоста е опасна работа. Имате време за сервисирање на автомобилот, но немате за вашето тело. Можеби треба да размислите дека неисправниот автомобил секогаш можете да го замените со нов, но ова не можете да го направите со вашето тело. Доколку сакате здравјето да ве служи, треба барем еднаш годишно да отидете на преглед.

Алкохол
Сите знаеме дека секојдневната консумација на алкохол е проблем. Но, проблем е и доколку повремено консумирате алкохол, но во поголеми количини. Да, чаша вино со вечерата е здрава, но две шишиња за време на вечерно излегување не се здрави. Не сакате проблеми со црниот дроб и срцето? Тогаш престанете да се однесувате неодговорно.

Пушење
Знаете и самите дека пушењето е штетно, но сепак не се откажувате од оваа лоша навика. Време е сериозно да размислите за ова. Пушењето е најштетната работа која му ја правите на организмот, а предизвикува рак на грлото, белите дробови, мозочни и срцеви удари. Не чекајте, затоа што може да биде предоцна.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button