Пет глупави навики кои сите ги имаме

1. Одбегнување на појадокот
Појадокот е лесен и значаен оброк, затоа не треба да го прескокнувате наутро. Кога спиете, метаболизмот се намалува, па кога наутро ќе станете на телото му е потребно храна за да проработи метаболизмот. По речиси осум часа сон, вашето тело гладува, затоа кога го прескокнувате појадокот, нивото на енергија во телото е ниско и се мачи да ве следи во сите активности.

2. Саботирање на кожата со сончање
Иако сите знаеме дека сончевите зраци се опасни, зошто постојано се обидуваме да го добиеме тој златен тен?
Сончањето и некористењето креми за сончање го зголемуваат ризикот од штетните сончеви зраци, кои водат до прерано стареење или рак на кожата.
3. Пушење
Сите знаат дека пушењето е штетно, но сепак повеќето посегнуваат по цигара. Последиците од пушењето цигари се рак на грлото или белите дробови, појава на брчки на лицето, зголемување на ризикот од импотенција кај мажи или компликации при бременоста кај жени.
4. Одбегнување докторски прегледи
Не е попусто кога велат дека редовно треба да се посетува докторот. Додека вие сметате дека е губење време, бидејќи сте добро и ништо не ве боли, сетете се дека токму тие рутински прегледи на многумина им го спасиле животот.

5. Недоволен сон
Докторите постојано повторуваат дека за да функционираме ефикасно за време на работниот ден, потребни ни се осум часа здрав сон. Тогаш, зошто повторно доцна си легнуваме?
Последиците од недоволниот сон не се само сонливост и немање сила, туку често се поврзани со зголемување на телесната тежина, депресија, вознемиреност и срцеви заболувања.
Потрудете се колку е можно да ги елеминирате овие лошо навики, ќе биде посреќни и поздрави.