Занимливости

Пет работи што не треба да ги правите кога сте на диета

Кога почнувате диета важно е да се решите за вистинската, која нема да го лиши телото од важни материи. Подобро е да ослабнете бавно и здраво, отколку брзо и неправилно.

Еве што во никој случај не треба да правите кога сте на диета:

1. Од вашата исхрана да отстраните масти или јаглехидрати

Недостатокот на било која од хранливите материи може да влијае негативно врз здравјето. Не ги отстранувајте ниту јаглехидратите, ниту мастите. Најдете производи кои ги содржат „добрите“ масти и јаглехидрати. Во повеќето случаи ги зголемувате килограмите, бидејќи претерувате со внесување, а не затоа што воопшто ги конзумирате.

2. Заборавате на теговите

Ако трчате на трака, но не вежбате со тегови, пропуштате голем дел од фитнес-сложувалката. Овие вежби помагаат во обликувањето на мускулите и го зајакнуваат телото.

(Фото: wikimedia.org)

(Фото: wikimedia.org)

3. Тренирате на гладен стомак

Кога тренирате гладни, калориите се согоруваат од мускулите, а не од мастите. Јадењето пред спорт е задолжително, бидејќи дава енергија и ги потхранува мускулите.

4. Да го пропуштите спиењето

Спиењето е особено важно при исхраната, бидејќи телото добива помалку калории и има потреба од енергија и одмор, за да може да издржи на тренинзите. Недостатокот на сон ќе ве спречи и да го совладате апетитот кој се влошува кога организмот не е одморен.

5. Пропуштате оброци

Намалувањето на калории е клучно при слабеењето, но пропуст на цел оброк доведува до забуна на метаболизмот.

(Телеграф.мк/Тиалото.бг)

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button