Занимливости

Спас по бурната новогодишна ноќ: Детоксикација во 7 чекори


Спас по бурната новогодишна ноќ: Детоксикација во 7 чекори

Секоја година иста приказна – цела зима се штедите од јадење и пиење за да не се соочувате со последици, но како за инат последната вечер од годината им потпаѓате на овие искушенија.

spas-po-burnata-novogodisna-nok-detoksikacija-vo-7-cekori-01.jpg

Ако синоќа претеравте, а денес сакате нормално да функционирате, почнете со детоксикација на време.

1 чекор: Избегнувајте ги остатоците од храната

Остатоците од вчерашната храна која стои веќе неколку часа не е решение, туку само нов проблем. Фрлете ги сите кифлички, руската која останала по чинии или месото кое не се дојало. Телото ќе ви биде благодарно.

2 чекор: Наместо црн чај и кафе, пијте многу вода

Сите пијалаци кои содржат кофеин само ќе ви ја влошат состојбата. Наместо нив, консумирајте билни незасладени чаеви од брусница или коприва, или испијте 2 литри вода. Добро е доколку на половина час пиете по неколку голтки вода во првите 5-6 часа откако ќе се разбудите.

3 чекор: Појадувајте храна богата со влакна

Овошје, зеленчук, интегрални житарки, ореви и лешници и семки се само дел од опциите кои ќе ја одржат нормалната работа на цревата и ќе ги исфрлат токсините од телото.

4 чекор: Негувајте се

Покрај внатрешната детоксикација, потребно ви е чистење и на кожата. Направете си топла купка и темелен пилинг, а потоа целото тело премачкајте го со хранливо масло или крема.

5 чекор: Не ги заборавајте витамините

Ако не можете да ги консумирате во свежа состојба, важно е да ги внесете во вид на таблети. Најдобро е да внесете многу витамин Ц, а покрај него може да консумирате Омега-3 и Омега-6 масни киселини.

6 чекор: Пет порции овошје и зеленчук дневно

За време на ручекот или вечерата испланирајте во вашата чинија да има околу 60% овошје или зеленчук. Јадете разновидни плодови за организмот да ги добие сите потребни витамини и минерали.

7 чекор: Поттикнете го излачувањето на штетни материи

Процесот на детоксикација може да го забрзате со неколку вежби или квалитетен сон. Исто така, масажата и сауната се добредојдено честење кое ќе ви помогне да ги исфрлите токсините од организмот.

Би можело да ве интересира:
9 причини поради кои никогаш нема да бидете богати9 причини поради кои никогаш нема да бидете богати…
Постои непишано правило дека богатството во една фамилија може да се одржува до три генерации: Прват…
10 искрени признанија на секој астролошки знак10 искрени признанија на секој астролошки знак…
Какви се навистина астролошките знаци дознајте од нив. Ова се десетте признанија на секој знак за то…
4 супер пози за секс под туш4 супер пози за секс под туш…
Девојки, сакате да ја зачините вашата врска со нешто ново и интересно? Секс под туш е одличниот избо…

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button