Занимливости

Природни и здрави пијалоци за слабеење

За нашето здравје и изглед не е важна само храната, туку и течноста што ја внесуваме во организмот. Ова се шесте пијалоци кои ја враќаат виталноста и помагаат во решавањето на проблемот со вишокот килограми.

zelen_caj-e1347015566634

Вода

Водата е наједноставниот, најприродниот и најефективниот пијалак, а верувајте дека телото ја обожава. Го хидратизира организмот, ја враќа енергијата и ја прави кожата еластична и сјајна, а чаша вода пред секој оброк го намалува апетитот, па служи како заштита од прејадување.

Кафе

Овој вкусен пијалок е одличен антиоксиданс па резултира со повеќе потрошени калории. Ако пиете до две кафиња дневно, ќе го исчистите организмот од токсини и ќе ја вратите свежината на кожата.

Зелен чај

И чајот е одличен чистач на организмот. Тој ја враќа енергијата и помага во губењето на тежината управувајќи со оксидацијата на мастите.

Какао

Антиоксидансите од овој вкусен пијалок не штитат од болести, а исто така и ја штитат нашата ДНК од слободни радикали кои се главни за стареењето.

Црно вино

Црното вино го намалува холестеролот и нивото на стрес и му дава на организмот до 40% повеќе антиоксиданси, што не е случај кај оние кои не пијат црно вино. Црното вино го чува организмот од прерано стареење и го забавува растот на масните ќелии, што го прави одличен сојузник во диетата.

Млеко

Млекото им помага на малите деца да не се дебелеат, додека кај возрасните го олеснува губитокот на килограми, особено во половината. Богатите со калциум млечни производи влијаат на бргу потрошените масти после оброкот.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button