Се прејадовте? СОС трикови кои ќе ве вратат во нормала
Во текот на празничните денови не е непознато дека малку повеќе се опуштаме и си дозволуваме залак-два повеќе. Но, честа појава откако ќе се прејадеме се тешкотиите и киселините кои настануваат во организмот.

Прошетајте се – лесната 20-минутна прошетка после оброкот може да ви помогне подобро да се чувствувате. Пешачењето го ублажува притисокот во цревата и со тоа се намалува непријатното чувство на подуеност. Исто така, се зголемува циркулацијата, а свежиот воздух ќе ви помогне подобро да се чувствувате.
Изедете ананас или јогурт – половина час по оброкот, земете мала порција ананас или испијте чаша јогурт. Овие намирници го поттикнуваат варењето.
Зелен чај – зелениот чај ги ослободува насобраните масти и холестерол.
Воздржете се од лежење – можеби ќе дојдете во искушение да прилегнете веднаш после оброкот, но немојте. Причекајте барем 2 часа за да го избегнете правењето на киселини во желудникот.

