Подобро гола глава, отколку синтетичка капа
Синтетичките капи ќе ви ја спурат главата, сламата е радиоактивна. Единствено памук и лен е спас од силното сонце, советува искусниот шапкар Абдула, чиј дуќан со деценции се наоѓа во Старата чаршија во Скопје.
– Подобро е да не носите капа отколку да носите било што на главата – вели тој.
Евтините кинески стоки кои го преплавија пазарот, се нездрави и неквалитетни.
Научниците неодамна открија дека сламата е радиоактивна, а синтетиката се затоплува на жешкото, па наместо да ја заштити, уште повеќе ќе ви ја стопли главата.
Ако сакате да дознаете дали една шапка е квалитетна и дали е направена од вистински памук, пробајте да ја испеглате. Ако е синтетика веднаш ќе се стопи од топлината. А ако тоа се случи, не сакате таа да биде на вашата глава на пеколните горештини.
Е.Г.
