Занимливости

Не им дозволувајте на „оние денови“ да ви го уништат одморот

Со нетрпение го очекувате годишниот одмот и баш првиот ден пристига менструацијата. Ова сценарио сигурно го преживеале многу жени, но тоа не мора да значи и крај на уживањето на плажа. Ви нудиме одговор на 3 најважни и најчести прашања за менструацијата и летувањето.

60833904-menstruacija-tampon-menga-ljeto

1. Дали можам да се капам првиот ден?

Ако жената има уреден циклус и благо крварење, може да се капе уште првиот ден, но умерено, кратко и со тампон.

Тампонот треба да се менува секој пат по излегувањето од вода. Ако крварењето е посилно и пообилно би било препорачливо да се почека ден до два.

2. Дали можам да се сончам во текот на менструацијата?

Сончањето во текот на најтоплиот дел од денот секогаш треба да се избегнува. Но во доцните попладневни часови кога сонцето е послабо, сончањето е дозволено и кога сте во период.

Исклучок се чувствителните жени со силно и неправилно крварење. Тиа секако треба да го избегнуваат престојувањето на директно сонце.

3. Што треба да направам по одморот?

Откако ќе се вратите од одмор, без разлика на менструацијата, се препорачува посета на гинеколог.

Промената на средината може да го поремети циклуцот, а капењето, мокрите костими за капење и седење на јавни површини може да предизвика воспаление, гливична или бактериска инфекција која треба да се контролира.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button