Mоже ли да се ослабне со диета чија основа е брзата храна? (видео)
Обично кога ќе споменете диета повеќето луѓе помислуваат на изгладнување и салата која треба да ви го замени секојдневниот оброк, но еден професор докажа дека може да ослабите и со консумација на брза храна. Тајната се крие во калориите што се внесуваат.

Џон Сисна изгубил 17 килограми за 90 дена и тоа следејќи го режимот што му го направиле учениците. Резултатите велат дека не само што изгубил 17 килограми, туку и го намалил нивото на холестерол. Сè што јадел Сисна купувал од локалниот McDonald’s, а менаџерот на ресторанот бил толку заинтересиран за резултатот што му понудил да јаде без пари.
Сисна освен што се придржувал до менито од 2.000 калории, почнал да пешачи по 45 минути во денот, а менито било така направено да се внесат сите хранливи состојки кои му се потребни на организмот.
Сисна смета дека симнувањето на килограмите, нема врска со видот на храна што ја внесувате, туку со изборот кој е многу едноставен – дали сакате да ослабите или не? Сепак, неговиот режим не наиде на општо одобрување. Некои сметаат дека фотографиите на кои е прикажан пред и потоа, се забележува дека се обработени.
