„Ремоделинг“ отсега само во козметичките салони на „Силуете“
(Фото: Телеграф.мк) Светскиот хит „Ремоделинг“ отсега ќе може да го најдете само во козметичките салони на „Силуете“. „Силуете“ е единствениот салон во Македонија со лиценца за работа од светскиот бренд „Biologique Recherche“.
„Ремоделинг“ е апарат патентиран од врвниот тим на „Biologique Recherche“, козметичка линија зад кој се крие тајната за вечна убавина на многу холивудски диви, како Шерон Стоун, Линда Евангелиста, Мадона, Бред Пит, Анџелина Џоли и многу други. „Ремоделинг“ е интензивна програма за обликување на лицето и телото со видлив лифтинг-ефект по само еден третман. Третманот се работи заедно со козметичката линија на „Biologique Recherche“, која вклучува широк спектар на лосиони, серуми и кремови кои се вистински еликсир за вашата кожа и конечно се достапни и кај нас.
(Фото: Телеграф.мк)
Ова е навистина ексклузивна и ретка луксузна козметичка линија за грижа на вашето лице и тело. Органска козметика без синтетички додатоци со исклучително чисти концентрирани суровини. Имајте и вие здрава и негувана кожа како светските диви и блеснете во полн сјај и безвременска убавина. Бидете први што ќе го почувствуваат на себе ефектот на овој познат бренд.
(Телеграф.мк)




