ТЕЛЕГРАФ НАГРАДУВА: Златна маска за лице
(Фото: zena.hr) Станува збор за луксузен козметички третман со 24-каратно злато. За златото и за неговото благородно дејство знаеме уште од далечните времиња, така што постои верување дека и Клеопатра секоја ноќ спиела со маска на лицето изработена од злато.
Римјаните златото го користеле за лекување разни кожни болести. Благодарение на најновите технологии, 24-каратното злато сега се користи и во луксузни козметички третмани, а неговото дејство е волшебно. Покрај другите, златото ги има следните благотворни дејства и тоа:
(Фото: mkupon.com.mk)
– ја затегнува и зацврстува кожата
– кожата станува мека, сјајна и еластична
– ги намалува и избледува фините брчки од лицето
– ја штити кожата од прерано стареење, а воедно и од слободните радикали.
Оваа награда ја доделува Телеграф заедно со „Afrodita gold kozmetika“ и со студиото за убавина „Studio butterfly“
(Телеграф.мк)


