Кој е поголем убиец: Војните или цигарите?
Колку луѓе се мртви како последица на пушењето, а колку загинале од куршуми? Војните можеби делуваат пострашно, но грубата пресметка што ја направи Guardian вели дека цигарите се поголем убиец од војните.

Цигарите убиле повеќе луѓе од Првата Светска Војна
Според податоците од СЗО, во 20 век како последица на пушењето починале околу 100 милиони луѓе. Постојат различни податоци околу тоа колку луѓе загинале во Првата Светска Војна, но без разлика дали станува за бројка што е поблиску до 8,5 или најлошата претпоставка од 16,5 милиони жртви, цигарите излегуваа полоши. Во оваа проценка се опфатени и воените и цивилните жртви.
И повеќе од Втора Светска Војна
Втората Светска Војна остави уште поголем број жртви зад себе. Проценките се наоѓаат помеѓу 40 и 72 милиони мртви.
Повеќе од Прва и Втора Светска Војна заедно
Како и да ја направите математиката, цигарите се виновни за поголем број смртни случаи, одошто двете Светски војни.
Дали цигарите убиле повеќе луѓе од сите војни заедно?
Бројките велат дека најмалку 69 милиони луѓе загинале во најголемите конфликти што се случиле во 20 век, со тоа што таа бројка е двојно поголема ако се земат предвид најлошите предвидувања за бројот на жртви.
Што нè очекува во иднина?
Според мапата што ја направи СЗО, постојат голем број земји што бесплатно даваат цигари на лица од 13 до 15 години. Ова е една од причините заради кои СЗО го користи терминот „епидемија“ за болестите предизвикани од цигарите и предупредува дека ако сегашниот тренд продолжи, до крајот на 21 век, бројот на мртви како резултат на пушењето може да изнесува и до милијарда луѓе.