Каква диета е најздрава?
(Фото: Foter) Ако ги споредиме диетите, од палео-диетата, преку веганската, сè до Аткинсоновата, доаѓаме до заклучок дека тајната за успехот да се има вита линија е да се јаде вистинската храна, односно вистинската комбинација на храна. Сите ние сакаме да имаме подобро здравје и телесно да сме подготвени, како и да имаме вита линија, и до неа да дојдеме преку некој пократок пат, но со поголемиот дел од модерните диети не можеме сè да постигнеме одеднаш.
Истражувачи од Универзитетот „Јејл“ објавиле труд „Која диета е најдобра за вашето здравје“, во кој ги имаат темелно проучено најчесто застапените диети, вклучително и нископротеинската диета со помалку маснотии, ГИ-диетата, медитеранската диета, палео-диетата, како и веганската. Заклучиле дека нема победник меѓу овие диети, туку дека од секоја од нив треба да се научи по нешто.
Диетата што помага во борба против болестите и го подобрува здравјето е онаа што вклучува минимално преработени продукти, од кои најдобри се билките, зеленчукот и овошјето.
Па така, доколку сакаме да ослабнеме на здрав начин и да ја постигнеме и задржиме витата линија, треба да јадеме непреработена храна, која не содржи дополнителни маснотии, соли и шеќери.
(Телеграф.мк/Извор: Индекс.хр)