Изберете совршен кармин според тенот
Понеделник, 07 Април 2014 08:47
Карминот е задолжителен и еден од најчестите козметички производи, кој се наоѓа во сечиј несесер. Бидејќи често сакаме да експериментираме со боите, во несесерот имаме повеќе нијанси на кармини. Иако е разновидноста е посакувана, важно е да знаеме и која боја нам најмногу ни одговара, а ние поради таа причина ви ја откриваме совршената нијанса на кармин според тенот.

Порцелански тен – Избегнувајте изразено сјајни кармини. Доколку имате темна коса, изберете мат кармин со нежно розева боја. Ако имате светла коса изберете розево – портокалов кармин кој најдобро ќе ги истакне вашите усни.
Светла кожа – Изберете храбра темна нијанса на црвена. Бидејќи руменилото посебно се истакнува на светла кожа, храбриот црвен кармин одлично ќе одговара на образите. Избегнувајте портокалови нијанси, најдобар избор за вас се црвена и темно црвена нијанса на кармин.
Бронзен тен – Вам ќе ви одговара речиси секоја нијанса на кармин, од храбро црвена до светло розева. За вечерно излегување одберете средно светол црвен кармин, а за дневни варијанти одлучете се за потемно розева нијанса.
Изразито темен тен – Најдобро ќе ви одговараат темни црвени нијанси и кармин со боја на слива. Таквите кармини ќе ги истакнат златните подтонови на вашата кожа. Доколку имате темни очи, одберете мат кармин со кој очите ќе можете да ги шминкате во светли варијанти, а така и дополнително ќе ги истакнете.
