Магичен пијалак со кој ќе се ослободите од целулитот
Целулитот е најголемиот кошмар на дамите, особено во летниот период кога зимската гардероба која одлично нè покрива, лежи спакувана, а наместо тоа летните парчиња облека и костимите за капење ја откриваат „портокаловата кора“ која толку успешно сме ја криеле.
Сепак, не треба да очајувате. Со овој „магичен“ пијалак за само неколку денови ќе ја измазните вашата кожа.
Доколку сте упорни и истрајни, ќе имате одлични резултати. Сè што треба да направите е наместо појадок неколку дена по ред да го подготвите „магичниот“ пијалак со следните состојки:
– половина банана
– десетина листови спанаќ
– половина портокал
– неколку кругчиња ананас
– малку цимет
Сите состојки ставете ги во блендер – и „магичниот“ пијалак е готов!
Спанаќот е извор на железо и влакна, помага во исфрлањето на штетните материи од организмот. Бананата има калиум, витамин Ц, Б6 и диететски влакна, помага при исфрлањето на течноста. Портокалот е богат со вода, витамин Ц и антиоксиданти. Ананасот има диуретски својства, а циметот ја регулира циркулацијата.
Подготви: К. А.