Занимливости

ГАЛЕРИЈА Петгодишно девојче претепано во градинка, а тврдат дека паднало

Ава Харис (5) се здобила со тешки повреди кога ја претепале во градинката во Мисисипи. Таа рекла дека друго девојче ја удирало со ногата во глава сè додека не паднала од тобоганот.

 

Лејси Харис, од Мисисипи, добила повик да дојде по својата ќерка во градинката, која доживеала незгода на игралиштето. Мислејќи дека во прашање се некои помали повреди кои детето ги добило додека си играло, мајката потполно се шокирала кога го затекнало петгодишното девојче во модринки и со отечено лице.

 

Според зборовите на вработените во таа установа, никој од нив не бил во близина кога тоа се случило, па тврдат дека Ава се повредилиа сама.

 

Ава изјавила дека друго девојче со ногата ја удирало во главата сè додека не паднала од тобоганот, меѓутоа, таа изјава сите ја занемариле.

 

Шокираната мајка целиот случај го пријавила во полиција, а на Фејсбук е основана група на поддршка „Правда за Ава Лајн“ (Justice for Ava Lynn).

 

Подготви: К. А.

 

 

 

 


Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button