Јадења кои ја крадат енергијата

Храната која ја јадете влијае на тоа како вашето тело работи и може да направи да се чувствувате мрзливо. Што е добро да се избегнува за да не се чувствувате вака?
Доручек полн со шеќер
Рафинираните јаглехидрати како шеќерот и белото брашно може да ви ја подигнат енергијата, но многу брзо доаѓа до нејзин пад. Брзите скокови на нивото на шеќерот во крвта поттикнуваат производство на потребни хемикалии во мозокот кои го регулираат апетитот и варењето. Затоа, одлучете се за здрав доручек кој содржи протеини.
Енергетски пијалаци
Енергетските пијалаци делуваат краткорочно. Всушност го реметат нивото на шеќерот кое на крај ќе падне пониско од нивото кое било пред да ги земете, оставајќи ве исцрпени. Бидејќи го дехидрираат организмот, секако дека е подобро да посегнете по вода и така да ја згаснете жедта.
Мрсна храна
Мрсната и пржена храна потешко се вари. За потребите на варењето, органите ја повлекуваат крвта далеку од екстремитетите што може да трае од шест до осум часа. За тоа време ќе се чувствувате тромаво. Мрсната храна исто така може да влијае негативно на вашето краткорочно памтење и функцијата на мускулите.
Црно вино
Чаша вино со ручекот се чини како добра идеја, но алкохолот може да ја украде енергијата. Црвеното грозје е богато со мелатонин, хормонот на спиењето. Но, не го користете алкохолот како помош за спиење, бидејќи го ремети квалитетот на сонот. Подобро испијте чаша топло млеко.
Прескокнување на оброците
Доколку ги прескокнувате оброците, телото се однесува како да гладувате и почнува да штеди енергија. Сите телесни функции слабеат, па така и концентрацијата. При напорен работен ден навистина е важно да се најде време за оброк.