Одобрен лек за кривите пениси
Фото:imgur.com Америкнската администрација за храна и лекови (ФДА) даде зелено светло за употребата на лекот „Ксиафлекс“ кој би се употребувал за да ги исправа искривените пениси.
Да бидеме попрецизни, намената на овој лек е третман на болеста „Пејрони“ која води кон сериозни и понекогаш многу болни искривувања на пенисот. Се верува дека лекот делува така што го намалува натрупувањето на колагенот, протеин кој компензира оштетени ткива.
Лекот е направен од бактериски ензим collagenase clostridium histolyticum, и веќе се употребува во третман на болеста Dupuytren’s contracture – болест на раката која прави да биде тешко да се испружат прстите.
Болеста „Пејрони“ се развива кога под кожата на пенисот почнува да се формира оштетено ткиво што прави пенисот да се искривува за 30 степени или повеќе во текот на ерекцијата.
Фото:the-bent-penis-website.com
Таквата состојба може да предизвика болни ерекции кај некои мажи а во некои случаи и дури да оневозможува да се има коитус.
Согласно податоците на „Аугзилиум Фрамацеутикалс Инк“ кој го прави лекот Ксиафлекс, секоја година со болеста „Пејрони“ се дијагностицираат помеѓу 65000 и 120000 мажи.
– Денешното одобрение на лекот ги проширува можностите за третман на лица кои ја имаат болеста „Пејрони“ и им овозможува во консултација со нивниот доктор да изберат насоодветен третман, за „Лос Анџелес Тајмс“ изјавила Др. Одри Гасман, заменик директор на Одделот на ФДА за коски репродуктивни и уролошки производи.
Инаку, лекот Ксиафлекс се администрира така што директно во оштетеното ткивото на пенисот се вбризгуваат две инјекции.
(Телеграф.мк/Извор: Мирор)



