Занимливости

Храна што не треба да се јаде за време на менструација

Болните грчеви, подуеноста и лошото расположение можат да ја направат вашата менструација неподнослива, но не заборавете дека храната исто така игра голема улога. 

Храната има огромно влијание на ПМС (предменструалниот синдром), како и на грчевите и промените во расположението.

За да избегнете да се чувствувате очајно во текот на менструацијата, трудете се да ги избегнувате следните продукти.

Мрсно месо

Мастите кои се наоѓаат во месото се главно заситени и можат да доведат до болки и воспаление. Кога ќе ве фатат грчеви, заситените масти всушност, ја интензивираат вашата болка. Доколку баш не можете без месо, подобро да јадете риба.

Преработена храна (чипс и грицки)

Грицките како чипс и переци содржат високо ниво на натриум што доведува до подуеност и непријатност. Подобро е да изедете неколку ореви, лешници или бадеми кои не се посолени и оббработени.

Слатки

Колачињата, тортите, слатките, бонбоните, кексите и сличните видови на хранатреба да се најдат што подалеку од вас во текот на менстраулниот циклус. Шеќерот го подобрува вашето расположение само на кратко, а тогаш ве „спушта“. Не само тоа, шеќерот исто така ги влошува грчевите, така што доколку ви се пријате нешто слатко, подобро изедете некое овошје – земете праска, парче лубеница или манго.

Печива

Знаеме дека печивото е исклучително вкусно, но за жал содржи голема количина трансмати кои го зголемуваат нивото на естрогенот. Тоа може да предизвика болки, така што ве советуваме да јадете леб, бидејќи истиот содржи повеќе влакна. Интегралниот леб претставува најдобра опција.

Кафе

Сите го сакаме утринското каде кое не крева, но пробајте да го исфрчите од вашето мени во текот на менструалните денови. Кофеинот од кафето ги зајакнува болките и може да предизвика нередовни менструации и да влијае на спиењето. Чајот е добра алтернатива, бидејќи има помалку кофеин од кафето. Исто така се препорачува да се избегнуваат енергетските пијалаци.

Сладолед и млеко

Иако ви изгледа дека во текот на „оние денови“ единствено сладоледот може да ве утеши, ова е, сепак, лош избор. Млечните производи се полни со масти и имаат ист ефект како и мрсното месо. Доколку не можете да одолеете, земете сладолед без млеко и без додатоци на шеќер. Овошниот сладолед без дополнителен шеќер може да биде идеална замена.

Алкохол

Алкохолот ги интензивира симптомите на ПМС, како и грчевите и доколку сакате неделата да ви помине што побезболно, избегнувајте алкохолни пијалаци. Алкохолот го влошува циклусот, а може да предизвика и големи промени во расположението. Тој ја разредува крвта, зајакнувајќи го крвавењето.

 

Подготви: К. А.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button