Работи кои секоја девојка треба да ги знае за сексот
Разговорот за сексот во текот на формативните години може да биде многу чуден или дури непријатен. Но, независно од тоа дали сте ја поминале формалната едукација за сексот или некој ви зборувал за приказната „пеперутки во стомакот“, се останува на теоретското ниво до моментот на впуштањето во сексуални односи, што, секако, може да доведе до неколку изненадувања.
„Huffington Post“ спровел истражувања меѓу читателките и ги запрашал што би сакале некој да им посочил за сексот пред да стапиле во сексуални односи. Еве ги нивните одговори:
1. Мажот нема секогаш да има поголем нагон од вас.
2. Имате право да се сексате колку сакате и со кого сакате, без оглед на бројот.
3. Сексот е навистина фантастичен кога го имате со личноста која ја сакате.
4. Жените во сексот смеат да уживаат еднакво како и мажите.
5. Реалниот секс се разликува од оној во порно филмовите.
6. Не сте повредна личност ако некој сака секс со вас, ниту сте помалку вредни ако не се согласите.
7. Откријте што ви одговара и побарајте го тоа бидејќи вашиот партнер не може да ги чита мислите.
8. Во ред е да кажете „не“ бидејќи тоа не значи дека сте помалку секси.
9. Темел на одличниот секс е заемното давање.
10. Многу жени не доживуваат оргазам ако не им се стимулира и клиторисот. Се проценуваат дури помеѓу 50 и 75 отсто жени.
11. Однапред одредете како ќе се заштитите од несаканата бременост и полово преносливите болести.
12. Одличен секс не значи и голема љубов.
13. Нормално е да имате дилеми и стравови поврзани со сексот, па и повеќе од препорачливо е да зборувате за тоа.
14. Како и сето останато, така и за добар секс е потребна пракса и искуство.
15. Исто така може да биде и многу непријатен.
16. Вашата сексуална кулминација не мора неопходно да биде во 20-те години.
17. Експериментирајте и притоа забавувајте се.
Подготви: K. A.
