5 видови овошје кои ги јадете погрешно
5 видови овошје кои ги јадете погрешно
Можеби ви звучи чудно , но вистина е дека овошјето може да го јадете на погрешен начин. Секој според своите навики на различен начин ужива во овошјето, без да биде свесен дека може да избегне некои грешки како растекување на овошниот сок и лепливите раце.

1. Мандарини
Чувството на лепливи прсти од мандарината е повеќе од непријатно, сепак и понатаму не користиме нож за лупење, туку тоа го правиме со раце. Обидете се со нож да ја исечете и излупите, а со виљушка да ја боцнувате. Ќе уживате многу повеќе.

2. Цвекло
Варењето цвекло знае да биде заморно, но ако не сте знаеле, воопшто нема потреба да го варите, бидејќи е еднакво добро и ако се јаде сирово. Само излупете го и тенко исечете го. Особено е добро да го јадете како салата.

3. Калинка
Ако вообичаено ја сечете на половина, сигурно знаете колку работа имате додека да стигнете до плодот. Затоа сечете ја на повеќе мали парчиња, нешто слично како портокалот и зрната сами ќе излезат.

4. Киви
За да го избегнете несаканото растекување, кивите исечете ги само на половина и јадете ги со лажичка. Уште едно решение е да ги лупите со специјален нож за компири, кој само ја соголува тенката кора, а потоа да ги исечкате и да ги јадете со виљушка.

5. Авокадо
Дали сте знаеле дека половина авокадо има само 160 калории? Исто како кивито и авокадото е најдобро да го јадете со лажичка. За посебно задоволство додајте малку сол и бибер.

Ако веќе останувате дома ова лето, направете нешто забавно во вашиот двор или тераса. Супер би било …
Совет околу воспитувањето на децата секогаш е добредојден. Секој родител има свој начин и свои ставо…
Со овие кратки и ефективни вежби кои можете да ги изведувате дома, во опуштена атмосфера и музика по…


