Занимливости

5 трикови против несоница


5 трикови против несоница


Време е за одење во кревет. Сте се покриле, сте ги затвориле очите и подготвени сте за одмор. Но, сонот никако не ви доаѓа на  очи. Милиони луѓе како и вие, секоја вечер се сретнуваат со истиот проблем. Или спијат премалку или во текот на ноќта се будат повеќе пати.

10-trikovi-protiv-nesonica-01

Сте решиле ли да ја победите несоницата? Применете некои од овие совети.

Гимнастика

Можеби звучи нелогично, но гимнастиката помага за подобар сон.

Вежбајте доцна попладне бидејќи физичкиот напор и тоа како помага во заспивањето.

Лесна храна

Јадењето на тешка храна може да го преоптовари вашиот организам пред спиење. Доколку осетите глад навечер залажете се со парче овошје или интегрален леб.

Не носете ја работата дома

Носите работа дома и работите дури и по вечерата? Обидете се барем 3 часа пред спиење да се ослободите од менталниот напор кој ви го предизвикува работата и легнете си мирно.

10-trikovi-protiv-nesonica-02

Без газирани пијалоци, кофеин  и алкохол

Кафето и чоколадата содржат кофеин, а добро познато е дека кофеинот е стимуланс.

Се препорачува да не ги внесувате по 16 часот, бидејќи стимулансот ќе ви го украде сонот. Истото важи и за алкохолот. Подобро напијте се чаша млеко која ќе ве смири.

Опуштена атмосфера и умерена температура

Во собата каде што спиете создадете опуштена атмосфера. Температурата нека биде околу 18 степени. Дополнително може да ве опушти и малку музика.

Вдишете длабоко и дозволете сонот да ве обземе.

Имате некој совет плус?

Би можело да ве интересира:
Совети за воспитување на децата од познатитеСовети за воспитување на децата од познатите…
Совет околу воспитувањето на децата секогаш е добредојден. Секој родител има свој начин и свои ставо…
Направи сам: Нишалка за двор или терасаНаправи сам: Нишалка за двор или тераса…
Ако веќе останувате дома ова лето, направете нешто забавно во вашиот двор или тераса. Супер би било …
Домашен спа третман со кивиДомашен спа третман со киви…
Кивито е интересна и корисна овошка за оние кои сакаат да ги ублажат брчките на лицето и да ја зачув…


Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button