5 опасности од предолгото седење
Седењето по цели денови, освен за вашето држење, лошо е и за вашите органи.

1. Премногу седење може да предизвика штета на бројни органи – срцеви болести, засилена работа на панкреасот, дури и рак на дебелото црево. Со пречестото седење го забавувате протокот на крв и мускулите трошат помалку енергија што предизвикува таложење на масти на ѕдовите од крвните жили.
2. Кога не сте активни се забавуваат и функциите на вашиот мозок заради што потешко ќе размислувате, ќе се концентрирате и ќе помните. Исто така, се зголемуваат и шансите за болки во вратот, закочен грб и неправилно држење.
3. Пречестото седење доведува до дегенерација на мускулите што делува главно на стомачните мускули, колковите и задникот. Бидејќи заради недоволното движење вашите абдоминални мускули мируваат, честото седење му оди во прилог на настанувањето на наслаги на наведените подрачја.
4. Честото седење ќе ги ослабне вашите коски и ќе доведе до бројни проблеми со нозете, предизвикани од слабата циркулација.
5. Истражувањата покажале дека луѓето кои многу седат имаат поголема стапка на смртност од оние кои редовно и доволно се движат. Едно истражување покажало дека обние кои повеќето време гледаат телевизија имаат 61 отсто повеќе шанси за прерана смрт од оние кои гледаат телевизија помалку од еден час на ден.