Занимливости
5 митови за шеќерот во кои сите треба да престанеме да веруваме
Секој ден се полниме со нови, понекогаш неточни информаци за нашето здравје и исхрана. Што е лошо за вас, што е добро, што треба да јадете обилно, а што сосема да избегнувате? Како резултат на слабото образование и мрзата, во светот има сé повеќе случаи на гојазност.
Гојзаноста се има зголемено двојно од 1984 година, а во 2014 повеќе од 1,9 милијарди возрасни лица над 18 години биле со преголема телесна маса. Над 600 милиони од оваа бројка биле гојазни.
Дали треба сосема да се обвинуваме за нашата фигура? Или пак сме изложени на многу погрешни совети и лажни вистини од советниците за здравје и рекламите?
Оние од нас кои се трудат да јадат балансирано и внимаваат на тежината веројатно примаат ограничена доза на шеќер, или пак го отстрануваат од својата исхрана сосема, преминувајќи на „поздрави“ опции како кафеав шеќер, вештачки засладувачи и друго. Сето тоа е подобро за нас од шеќерот. Точно?
Неточно.
