4 чекори до здрава дигестија | Идивиди
Добрата функција на системот за варење го подобрува квалитетот на животот. Здравата дигестија ги апсорбира сите потребни нутритивни состојки, што придонесува за зајакнување на имунитетот, подобрување на здравјето и виталностa.
Балансираната исхрана, богата со овошје и зеленчук, ја подобрува работата на дигестивниот систем, но постојат одредени чекори кои ќе ви помогнат истиот да работи совршено.

Внесувајте пробиотици
Не се сите бактерии лоши. Напротив, пробиотиците се добри бактерии, кои природно се наоѓаат во нашите црева го помагаат и подобруваат варењето на храната. Рамнотежата на пробиотиците во цревата може лесно да се наруши, на пример, по терапија со лекови, после неколкудневна нездрава исхрана или после грип и настинка.
Фокусирајте се на фитохемикалиите
Фитохемикалиите се растителни соединенија кои помагаат во борба против болестите. Можат да помогнат во превенција на оштетување на клетките и регулирање на нивото на холестерол. Намирници богати со фитохемикалии се лукот, кромидот, брокулата, карфиолот и морковот.

Внесувајте дигестивни ензими
Дигестивните ензими учествуваат во разградување на храната и апсорпција на нутритивните состојки, неопходни за изградба на клетките, ткивата и органите. Некои ензими можеме да ги пронајдеме во намирниците кои ги консумираме, додека другите ги произведува нашето тело. Дигестивните ензими ќе ги најдете во ананасот и папајата, како и во суплементите.
Не ги заборавајте растителните влакна
Изберете влакна кои не се раствораат во вода, како што се оние кои ги има во пуканките, црешите или грозјето, бидејќи истите ја подобруваат функцијата на цревата. Влакната, пак, кои се растворливи во вода, помагаат при проблеми со констипацијата и се наоѓаат во бананите, морковите и јачменот.

