Ментално здравје

Британките повеќе сакаат да се со пријателките, отколку со сопрузите

prijatelki

Четири од десет жени сакаат повеќе да го поминуваат времето со своите пријателки отколку со своите сопрузи – велат резултатите од едно неодамна спроведено истражување во Велика Британија.

Одењето на шопинг, зборувањето за диети, деца, мода, секс и озборувања, во сето ова жените уживаат и затоа претпочитаат повеќе да се дружат со пријателките, отколку со своите сопрузи со кој имаат различни интереси.

Четири од 10 жени признале дека им  е попријатно да бидат со пријателките отколку со сопругот.

-Таа е поинтересна, а можеме и да озборуваме- признале некои од испитаниците.

Според Дејли Маил 46 отсто од поубавиот пол мислат дека жените се подобро друштво од мажите и дека повеќе сакаат женско друштво отколку машко.

За повеќето жени, многу полесно е да се зборува за „сериозни проблеми” со своите пријателки отколку со својот сопруг.

Секоја петта жена дури изјавила дека пријателката покажува поголем интерес за нејзиниот живот отколку човекот со кого се омажиле, а 38 отсто од испитаниците признале дека преферираат да бидат сами со своите пријателки.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button