Знаете ли што е тоа ванила секс?
Ванила сексот никого не остава рамнодушен – луѓето или го мразат или пак редовно го употребуваат. Еве што е тоа всушност:

Ванила сексот е стар и конвенционален начин на водење на љубов. Во прашање е мисионерската поза, која покрај сексот се состои и од низа на длабоки и долги бакнежи. Се работи за долго и нежно водење на љубов кое најчесто се јавува на самиот почеток на сексуалната врска.
Во ванила сексот нема многу експериментирање, испробување на разни пози или фетиши. При овој вид на секс нема „зачини“, ниту пак се користат било какви сексуални помагала.
Ванила сексот е наречен по сладоледот, затоа што ванилата е вообичаен вкус на сладолед кој е обичен и по малку здодевен, што се карактеристики на овој вид на секс. Меѓутоа ова не е во потполност точно, бидејќи без разлика која поза ќе ја користите во сексот може да ви биде убаво и удобно ако вие се чувствувате така.
Па според тоа, без разлика на името и описот на овој вид на секс, вие слободно уживајте во него и не грижете се дали некој ќе ве критикува или нема. Овој вид на секс може да биде страстен и возбудувачки, затоа што на овој начин се создава посебна поврзаност помеѓу партнерите.

